Apple ќе ја претстави серијата iPhone 15 на есен оваа година. Во претходниот период дознавме неколку информации за оваа серија, а една од поголемите промени што се споменуваат за моделите Pro се solid-state копчињата за контрола на јачината на звукот. Сепак, се чини дека Apple се откажа од оваа можност.

Добавувачот на компанијата Apple, Cirrus Logic ги потврди гласините дека Apple одлучил да го откаже проектот за solid-state копчиња за јачина на звук.

Во неодамнешното соопштение до акционерите, компанијата изјави дека повеќе не очекува моделите на iPhone 15 Pro да пристигнуваат со оваа опција.

Овие копчиња требаше да дадат хаптички повратни информации и да ги заменат традиционалните копчиња за јачина на звук. Познатиот свиркач Куо Мингчи изјави дека нерешените технички проблеми го спречиле масовното производство на solid-state копчиња, што довело до откажување на проектот.

Од друга страна, моделите на iPhone 15 Pro, наводно, сепак ќе пристигнат со ново Action копче, кое ќе го замени добро познатиот Apple систем за промена на режимот на звук. Action копчето ќе биде целосно приспособливо, слично на она на Apple Watch Ultra.

Свиркачот Џеф Пу верува дека Apple не се откажал целосно од solid-state копчиња и дека тие би можеле да бидат имплементирани на серијата iPhone 16, која ќе пристигне следната година.

На крајот, останува разочарување, бидејќи оваа функција беше меѓу најочекуваните кај моделите на iPhone 15 Pro.

Претходно беше откриено дека iPhone 15 Pro ќе има димензии 146,47 x 70,46 x 8,24 mm, во споредба со 147,46 x 71,45 x 7,84 mm за iPhone 14 Pro. Сензорот на камерата на задната страна ќе биде уште поголем, а целиот остров на камерата исто така ќе биде подебел во споредба со оној што се наоѓа на моделот iPhone 14 Pro.