Илон Маск не мирува и воведува нови промени на Твитер. Овој пат тие се однесуваат на пребарувањето на оваа платформа.
Според новите правила, пребарувањето на Twitter сега ќе биде овозможено само за регистрираните корисници.
Пред ова, содржината на Твитер можеше да се пребарува дури и ако немавте профил на платформата. Сега секој ќе мора да се најави за да може да ја прелистува содржината, а доколку не сакате да го правите тоа, достапна е опцијата Explore која прикажува само избрани твитови.
Кога пребарувате содржина преку Explore, полето за пребарување нема да се прикаже и повторно ќе се појави кога ќе се најавите на Twitter.
Вака Твитер сака да ги натера корисниците да креираат профил на социјалната мрежа, наместо спорадично да ја користат.
Поврзани артикли