Популарниот сервис за (често бесплатно) складирање на фотографии, а потоа нивно поврзување со разни интернет форуми, Imgur, се одлучи на радикален потег.
Имено, тие најавија воведување на нови правила за користење, кои ќе стапат на сила на 15 мај. Соодветно на тоа, ќе има големо „чистење“ на нивното складиште, па по наведениот датум, голема количина на архивска содржина ќе биде избришана од серверот.
Бришење стара и експлицитна содржина
Imgur вели дека содржината која се смета за стара, неискористена и неактивна, во случаи кога не е поврзана со активна корисничка сметка, ќе биде „прочистена“. Исто така, сета голотија, порнографија и други сексуално експлицитни содржини ќе бидат отстранети и тие ќе бидат забранети во новите правила за употреба.
Систем за автоматско откривање на експлицитни слики, заедно со човечки модератори, ќе се погрижат за воведување ограничувања на новите содржини објавени на серверите на Imgur.
Оваа платформа, под нејзините нови сопственици, има за цел да стане „безбедна и забавна“ интернет страница. Тие исто така забележуваат дека големото чистење на архивата може да предизвика проблеми за многу корисници.