Кинескиот технолошки гигант ByteDance турка уште една апликација за социјални медиуми во Соединетите држави, бидејќи нејзината водечка апликација TikTok се соочува со можна забрана во земјата.

Иако може да биде дел од деловната стратегија за ByteDance, новиот производ кој ќе го замени TikTok исто така не е најдоброто решение, според експертите.

„Секако дека е интересен тајминг. Се чини дека ByteDance го турка Lemon8 како потенцијална алтернатива на TikTok“, изјави за CNBC Линдзи Горман, виш соработник за технологија во развој во Германскиот фонд Маршал.

Во март, ByteDance ги покани креаторите на својата „нова платформа Lemon8“ пред да биде официјално лансирана во САД, наведувајќи го успехот на нејзината „сестринска компанија TikTok“, според светските медиуми.

Апликацијата Lemon8, спој на Instagram и Pinterest, првпат беше „лансирана“ во Јапонија на почетокот на 2020 година. Апликацијата „lifestyle“ која се фокусира на здравјето и убавината брзо се искачи на топ-листата во САД.

Според анализата на data.ai, Lemon8 скокна за 693 места и стана втора најсподелувана апликација во САД во последните 30 дена.

Lemon8 има собрано 17 милиони преземања ширум светот од неговото лансирање, тврди порталот „Apptopia“.