Вработените на BtoBet по вторпат ја поддржаа неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, приготвувајќи оброци за своите социјално загрозени сограѓани.

По првата успешна акција реализирана минатата година, а како дел од своите општественo одговорни практики, компанијата повторно волонтираше во една од редовните акции на „Ретвитни оброк“.

„Среќни сме што повторно имавме прилика да соработуваме со оваа хумана иницијатива и да дадеме мал придонес за нашите сограѓани во социјален ризик. Преку ова, сакаме да испратиме порака дека она што за некого се подразбира, а претставува основна и секојдневна потреба како што е топлиот оброк, за жал за некого е луксуз. Со ваквите активности го зајакнуваме чувството на заедништво и солидарност, споделуваме грижа, но и преку пример ги поттикнуваме останатите чинители во заедницата со малку труд да направат големо дело“, изјави Љупка Ивановска, координатор за човечки ресурси во BtoBet.

ИТ компанијата континуирано остварува соработки и реализира активности со кои ги промовира своите корпоративни заложби за општествена одговорност и враќање на заедницата. Меѓу нив се соработката со Институтот за трансфузиона медицина, редовните активности со Црвен Крст, еко-акциите со Kajak.mk, соработка со иницијативата „Донирај компјутер“ и многу други.

ПР Текст