Чиповите Exynos на Samsung немаат многу добра репутација меѓу фановите на Samsung, но и меѓу ентузијастите на паметни телефони воопшто.
За разлика од претходните години, оваа година серијата Galaxy S23 пристигна без Exynos ширум светот, но дали тоа ќе се промени веќе следната година?
Samsung конечно одлучи да го имплементира Qualcomm Snapdragon чипот на сите модели на Galaxy S23 оваа година. Иако се очекуваше компанијата да продолжи со оваа практика и во иднина, со оглед на одличните реакции на корисниците, во најновиот извештај се вели дека тоа нема да се случи.
Веќе некое време се шпекулира дека Samsung работи на новиот водечки чип Exynos 2400, а сега доаѓа вест дека тој би можел да напојува некои модели на Galaxy S24 следната година.
Јужнокорејско издание тврди дека Samsung навистина ќе ја испорача серијата Galaxy S24 со чипот Exynos 2400 на некои пазари следната година. Но, не кажува за кој пазар, или пазари се работи.
Потсетуваме дека во минатото, меѓу другото, европските верзии на уредите Galaxy S секогаш добиваа телефони со Exynos, но се надеваме дека тоа нема да биде случај следната година, доколку оваа информација се покаже како точна.
Извештаите за новиот Exynos 2400 укажуваат дека тоа би можело да биде одличен чип, но вистината е дека тоа се кажува секоја година, додека практиката не биде малку поинаква и Exynos не испадне инфериорен во однос на водечките чипови Snapdragon.
Exynos 2400 наводно ќе пристигне со 10 јадра, за разлика од другите чипови за паметни телефони кои пристигнуваат со осум јадра.
Конечно, забележуваме дека ова се гласини и овие информации треба да се земат со одредена доза на резерва.