Apple патентираше интересен дизајн за идните куќишта на AirPods кои, се чини, би можеле да пристигнат со екран кој би го претворил уредот во нешто многу слично на „изумрениот“ iPod.
Apple патентираше мал уред кој може да прави сè, од репродукција на музика до прикажување на нови е-пораки. Според патентната апликација објавена од Канцеларијата за патенти на САД, производителот на iPhone скицирал куќиште за AirPods што доаѓа со екран на допир и можност за лизгање низ песни, следење на времето на вежбање, па дури и малку потешкото гледање филмови.
Судејќи според поднесувањето, Apple одлучи да патентира нешто што наликува на мал iPod Touch или iPod Nano, само со простор за полнење на пар безжични слушалки. Станува збор за апликација за патент, а не за финален производ, што значи дека во моментот на пишување на оваа вест, нема индикации дека AirPods еден ден навистина ќе пристигнат со футрола за полнење на која ќе има OLED екран.
Apple (re)invents the iPod https://t.co/V47bmyvyfO
— TechCrunch (@TechCrunch) April 6, 2023
Компанијата би можела да истражува сличен уред во некоја форма, особено затоа што AirPods се најпопуларните безжични слушалки во светот. Она што Apple би можел да го постигне со најава на сличен уред е да им даде до знаење на конкурентите за што е способен.
„Најдоброто нешто во врска со iPod-от е тоа што можете да ја земете целата ваша музичка библиотека со вас, веднаш во вашиот џеб“, рече ко-основачот на Apple, Стив Џобс во 2001 година.
Во годините оттогаш, сè и ништо не се промени – музиката сè уште е една од најдобрите карактеристики на iPhone, и реално – сите знаеме дека носталгијата за iPod мора да резултира со производ. На крајот на краиштата, го среќаваме секој ден, без разлика дали е во апликации инспирирани од iPod, разни носталгични твитови, додатоци за паметни часовници или повремени филмски камео, заклучува TechCrunch.
Поврзани артикли