Фотографот Валтер Биното успеа да направи фотографии кои станаа вирални и започна еден куп теории
Над централна Италија и хрватскиот дел на Јадранот во ноќта на 27 март, беше забележан голем прстен од црвено светло што личеше на сцена од научно-фантастични филмови, пишува National Geographic.
За се пишуваат и вестите на Yahoo и другите научни портали во светот, пренесува Слободна Далмација.
– Морничав прстен од црвено светло трепка како големо НЛО над Италија. Што беше тоа? – во насловот е Live Science.
Иако, според сведоците, овој феномен кратко траел, фотографот Валтер Биното успеал да направи фотографии кои станале вирални и започнал еден куп теории. Но, научниците набрзо дојдоа да објаснат за што се работи.
Eerie ring of red light flashes like a massive UFO above Italy. What was it? 🤔https://t.co/p35q2cO1Zr pic.twitter.com/B2az9wKS7R
— Pooetryman (@POOetryman) April 5, 2023
Феноменот е познат и како – емисија на светлина и многу ниски фреквентни нарушувања поради извори на електромагнетни импулси или скратено ELVE.
Дијаметарот на кругот во овој случај бил 360 километри, а претставува еден вид пореметување што се јавува во стратосферата или мезосферата поради интензивното наелектризирање на грмотевиците. Со други зборови, кога електромагнетни импулси на молња ќе удрат во јоносферата на нашата планета во нејзините горни делови, се појавува црвено светло.
Фотографијата можете да ја видите и на профилот на фотографот Валтер Биното.
За прв пат се снимени во 1990 година, а причината за тоа лежи во тоа што најчесто се видливи само од вселената. Експертите тврдат дека неколку од нив биле снимени со леќите на камерата на НАСА, но дека оваа е најдобрата слика од Земјата. И сето тоа благодарение на моќната бура што ја погоди Анкона и произведе моќни електрични ударни бранови.
Иако овој тип на „ореол“ е тешко да се фотографира, едно лице, фотографот на природата Валтер Биното, на 27 март успеа да сними блескав круг на небото над градот Посањо во северна Италија.
Сепак, црвениот прстен всушност не беше над градот. Наместо тоа, масивен круг, со дијаметар од околу 360 километри, трепереше над централна Италија и делови од Јадранското Море и Далмација. Само перспективата правеше прстенот да изгледа како да виси над градот.