Се очекува Samsung да ја подигне границата на ново ниво кога станува збор за претстојниот модел Galaxy S24 Ultra.
Јужнокорејскиот гигант планира да имплементира дисплеј со стапка на освежување од 144 Hz во својот следен премиум уред, што ќе го направи тој телефон првиот Galaxy модел со гореспоменатата стапка на освежување.
Освежувањето на екранот од 144 Hz ќе овозможи повеќе флуидни анимации, кои ќе бидат особено погодни за гејмерите на телефоните, исто така ќе донесе побрзо вчитување и севкупно побрзи перформанси.
Според неодамнешните извештаи, серијата Galaxy S24 треба да има и сателитско поврзување, слично на функциите што моментално ги нудат Apple и Huawei.
Се очекува серијата Galaxy S24 да биде придвижувана од чипсетот Snapdragon 8 Gen 3, кој треба да понуди значително подобри перформанси од сегашната генерација. Јадрото на процесорот X-4 со високи перформанси треба да има 15% подобра брзина на такт во споредба со јадрото X-3 од чипот Snapdragon 8 Gen 2.
Се споменуваат и подобрувања на камерите, па така подобрениот сензор од 200 MP на моделот Galaxy S24 Ultra ќе има подобрени можности за зумирање на телефото камерата.
Се разбира, треба да се напомене дека сите овие се само гласини во овој момент и треба да се земат со резерва. Самсунг се уште официјално нема потврдено ништо кога станува збор за серијата на телефони Galaxy S24.
Поврзани артикли