Серијата Galaxy S24, наводно, нема да користи Exynos чипови на ниту еден светски пазар.
Иако Samsung повеќе нема да произведува сопствени процесорски јадра за идните Exynos мобилни чипови, тоа не ја спречи компанијата да објави нови премиум Exynos чипови базирани на ARM процесорски јадра.
Гласините сугерираат дека Samsung работи на нов Exynos чипсет, кој ќе користи јадра со дизајн на ARM. Сепак, иако тој дизајн ќе биде насочен кон највисокиот пазарен сегмент, премиум серијата телефони Galaxy S24 нема да ги користи тие чипови.
Ова го сугерираат најновите информации од дојавувачот @OreXda на Твитер. Според изворите, серијата Galaxy S24 нема да користи Exynos чипови на ниту еден светски пазар.
Galaxy S24 Series will never use Exynos.
— Connor / 코너 / コナー (@OreXda) March 13, 2023
Ова значи дека Galaxy S24, како и сегашната серија S23, ќе се потпира исклучиво на чиповите на Qualcomm, а претпоставката е дека тоа ќе биде Snapdragon 8 Gen 3.
Според претходните гласини, Snapdragon 8 Gen 3 SoC би можел да има архитектура на јадра на процесорот 1 + 5 + 2, со едно мега-јадро Cortex-X4 тактизирано до 3,75 GHz, пет Cortex-A720 процесорски јадра на 3,0 GHz и два Cortex – A520 процесор со такт од 2,0 GHz.
Тековната серија Galaxy S23 ја прекина претходната двојност и поделба на пазари кои добиваат телефон со чипсет Snapdragon или Exynos. Серијата Galaxy S23 има само Snapdragon 8 Gen 2 SoC (специјален, оверклокиран модел за серијата на Samsung) за сите пазари.
Можно е ова партнерство помеѓу Samsung и Qualcomm да продолжи и за серијата Galaxy S24, но останува да биде официјално потврдено.