Credissimo уште еднаш ја покажа својата посветеност и грижливост како општествено одговорна компанија и по втор пат донираше финансиски средства во вредност од 60.000 ден. на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, компанијата ги вклучи своите следбеници од Facebook и Instagram и заедно со нивната помош и хуманост собраа средства во висина од 60.000 ден.. На нивните профили на социјалните мрежи беше објавен пост со кој ги повикаа своите следбеници да се приклучат во хуманитарната акција, пишувајќи уникатен коментар со срциња во различни бои, а за секој коментар Credissimo донираше по 50 денари. Оваа донација е од големо значење за Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица и ќе помогне за уште подобра грижа за лицата со Даунов синдром.
„Од име на сите членови на Здружението „Вера“ од Струмица, од срце им се заблагодаруваме на Credissimo за донацијата, со ова ја помагаат нашата работа и нашата единствена цел да се испрати една убава порака дека овие лица се тука меѓу сите нас. Благодарноста што ја чувствуваме кон нив како компанија за ова хумано и несебично дело е голема. Се надеваме дека нивниот пример за општествено одговорна фирма ќе го следат и други фирми и претпријатија“. – изјави Анче Туфекчиева.
Постојат забавни и интерактивни начини со кои може да се направи хуманитарно дело кое ќе предизвика насмевка и ќе разбуди безброј емоции, а Credissimo уште еднаш покажа дека овие начини функционираат и имаат успешен епилог. Преземањето на чекор напред во грижата и прифаќањето на различностите е темелот за подобра иднина за целото општество.
ПР Текст
Поврзани артикли