Имаме нови информации кога станува збор за претстојната серија на телефони iPhone 15, а се однесува на дизајнот.
Овој пат, деталите за премиум моделот iPhone 15 Pro Max укажуваат дека ќе има „рекордни“ карактеристики во споредба со премиум моделите на Android.
Дојавувачот Ice Universe објави некои детали за екранот на iPhone 15 Pro Max на Твитер. Веќе знаеме дека iPhone 15 Pro ќе има потенки рамки околу дисплејот, а сега се сугерира дека iPhone 15 Pro Max ќе има рекордна тенка рамка околу екранот од само 1,51 милиметар.
Ова е значително потенко во споредба со дебелината на рамката од 1,8 mm на моделот Xiaomi 13 Pro и 1,95 mm на Galaxy S23. Во споредба со моделот iPhone 14 Pro Max (2,17 mm), рамките околу екранот на телефонот 15 Pro Max ќе бидат околу 28% потенки.
iPhone 15 Pro Max will break the record of 1.81mm bezel black edge held by Xiaomi 13, and we measure that its cover plate black bezel width is only 1.55 mm.(S22 and S23 ≈1.95mm,iPhone 14 Pro 2.17mm) pic.twitter.com/9TBrVCGSCo
— Ice universe (@UniverseIce) March 17, 2023
Иако овие информации не укажуваат на некои големи промени во дизајнот, тие ќе обезбедат значително подобро искуство при прегледување на содржината на екранот.
Исто така, откриено е дека iPhone 15 Pro Max се очекува да има помала испакнатина на камерата на задната страна, благодарение на присуството на леќата на камерата за перископ (што ќе го видиме за прв пат на модел на iPhone).
Од друга страна, претходно се појавија рендери кои покажуваат дека iPhone 15 Pro би можел да има поголемо испакнување од камерата на задната страна. Двата модели се очекува да додадат USB Type-C приклучок, како и функцијата Dynamic Island на екранот.