По неколкумесечни шпекулации и протекување, Samsung официјално ги претстави своите најнови телефони од средната класа: Galaxy A54 и Galaxy A34.
Интересно е што Galaxy A54 е помалиот од двата нови модели и го краси 6,4-инчен Super AMOLED панел со стапка на освежување од 120 Hz и поддршка за Vision Booster.
Introducing the new Galaxy A series smartphones, #GalaxyA34 5G and #GalaxyA54 5G. Awesome 5G is for everyone.
Learn more: https://t.co/iPaG2efcTo | https://t.co/alL3bdOTVc pic.twitter.com/6XFtrPS0LT
— Samsung Mobile (@SamsungMobile) March 15, 2023
Од друга страна, Galaxy A34 има 6,6-инчен дисплеј со резолуција од 1080p, стапка на освежување од 120 Hz и истото подобрување на Vision Booster.
Двата телефони имаат IP67 сертификат за заштита од вода и прашина, како и батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 25 W. Има и слот за microSD. Другите карактеристики се различни.
Samsung Galaxy A54 користи главна камера од 50MP F/1.8, ултра-широкоаголен сензор од 12MP F/2.2 со фиксен фокус и макро сензор од 5MP. На предната страна има селфи камера од 32 MP F/2.2.
Galaxy A54 & A34 debut with big batteries, long software support https://t.co/lvkwqLI9yl #android
— Android Headlines (@Androidheadline) March 15, 2023
Samsung Galaxy A34 има главна камера од 48MP F/1.8, ултра широкоаголен сензор од 8MP F/2.2 и макро од 5MP. Селфи камерата од 13 MP се наоѓа на предната страна.
Galaxy A54 се напојува со чипсет Exynos 1380 од 5 nm, додека Galaxy A34 користи чип MediaTek Dimensity 1080 од 6 nm. Двата модели се достапни со 6GB или 8GB RAM и 128Gb или 256GB простор за складирање.
Galaxy A54 е достапен во варијанти Lime, Graphite, Violet и White, по цена од 490 евра за моделот 6/128GB и 540 евра за варијантата 8/256GB.
Galaxy A34 пристигнува во слични бои (наместо White има Silver), со почетна цена од 390 евра за моделот 6/128GB и 460 евра за верзијата со 8/256GB.
Телефоните ќе бидат достапни на европскиот и азискиот пазар почнувајќи од овој месец.
Поврзани артикли