Мартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја доби наградата за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона, најголемиот светски саем за безжични комуникации.
Држејќи го во рацете прототипот на првиот мобилен телефон наречен „цигла“ што го измислил пред 50 години, Мартин Купер со оптимизам зборуваше за иднината на мобилната технологија, но и изрази загриженост за ризиците што паметните телефони ги претставуваат и за приватноста и за младата популација, според извештајот на Асошиетед прес.
„Моето најнегативно мислење е дека веќе немаме никаква приватност, бидејќи сè за нас е снимено некаде и достапно за некој кој има доволно силна желба да го види или слушне“, вели 94-годишниот Купер.
Martin Cooper, whose invention was inspired by Dick Tracy’s radio wristwatch, said he also envisions a future in which cellphones are charged by human bodies. https://t.co/iMT0Wf0tqr
— FOX 4 NEWS (@FOX4) March 1, 2023
Покрај „ерозијата на приватноста“, Купер изрази загриженост и за негативните нуспојави на кои се изложени корисниците на паметни телефони и социјалните мрежи, како што се зависноста од интернет и полесниот пристап на децата до штетна содржина.
Опишувајќи се себеси како сонувач и оптимист, Купер изрази надеж дека напредокот во технологијата за мобилни телефони има потенцијал да ги револуционизира областите како што се образованието и здравствената заштита.