Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, на сослушување на комисијата изјави дека кинеската влада може да го користи TikTok за контрола на софтверот на милиони уреди. Говорејќи на сослушувањето во американскиот Сенат, директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека кинеската апликација е преполна со безбедносни проблеми.
„Ова е алатка која на крајот е под контрола на кинеската влада – загрижен сум за националната безбедност“, рече тој.
Белата куќа го поддржа законот воведен од десетина сенатори за да и се даде на администрацијата на претседателот Бајден нови овластувања да ги забрани TikTok и другите странски технологии доколку претставуваат закана за националната безбедност. Повеќе од 100 милиони Американци користат TikTok.
Неколку други највисоки американски разузнавачки функционери, вклучително и директорот на националното разузнавање Аврил Хејнс, директорот на ЦИА Вилијам Барнс и директорот на Агенцијата за национална безбедност Пол Накасоне, исто така се согласија на сослушувањето дека TikTok претставува закана за националната безбедност на САД.