Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со нивните Gmail сметки. Според веб-страницата Down Detector, проблемите започнале во 13:08 часот по наше време, а проблемите ги пријавуваат корисниците ширум светот.
Не е познато зошто настанал проблемот.
Досега се примени повеќе од 7.000 пријави. Од оние кои пријавиле проблеми, 86 отсто се пожалиле на проблем со поврзување со серверот, 10 отсто со најавување и три отсто со примање е-пошта.