Твитер „доби“ нов свиркач, поранешен вработен кој предупреди за безбедносни проблеми, пишува Вашингтон пост.
Свиркачот разговараше со Конгресот и Федералната трговска комисија и рече дека секој инженер на Твитер сè уште има пристап до внатрешна програма, некогаш позната како GodMode, која им овозможува да твитаат од кој било профил.
GodMode, сега преименуван во „привилегиран режим“, сè уште е на лаптопот на секој инженер што сакал да го има, а потребна е само едноставна промена на кодот. Скриншотовите на кодот, кои беа вклучени во октомвриската жалба поднесена до FTC, покажуваат предупредување до секој што ќе се обиде да го искористи, кое гласи „THINK BEFORE YOU DO THIS“ (размисли пред да го направиш ова).
Ова не е првпат безбедноста на Твитер да биде доведена во прашање. Во 2020 година, тинејџери ги хакираа внатрешните системи на компанијата и испраќаа лажни твитови од профилите на американскиот претседател Џо Бајден, поранешниот претседател Барак Обама, сегашниот сопственик на Твитер, Илон Маск и други.
Директорите на Twitter во тоа време тврдеа дека го решиле проблемот и лансирале „сеопфатна програма за безбедност на информации дизајнирана да ги заштити безбедноста, приватноста, доверливоста и интегритетот на нејавните информации на потрошувачите“.
Сепак, првиот свиркач на Твитер, Пајтер Затко, тврдеше дека тоа не е вистина. Друг инженер тогаш рече дека GodMode е широко достапен.
Твитер повторно ја отвори истрагата поради нова жалба, а беше откриено дека инженерите имале можност да ги избришат и обноват твитовите на секој корисник. Исто така, Твитер не може да евидентира кој користи или злоупотребува некоја од посебните привилегии.
ФТЦ наводно ги истражува поранешните вработени на Твитер за новите обвинувања.
Поврзани артикли