Кога користите компјутер, брзината понекогаш може да биде од суштинско значење. Сепак, дури и кога не сте во брзање, можете да си ја олесните работата на компјутер со Windows.
Ви донесуваме листа на кратенки на тастатурата, кои би можеле значително да ви ја олеснат работата на платформата Windows и да го намалат времето или бројот на кликови.
Не е неопходно да ги запаметите сите, но некои ќе ви бидат навистина корисни и веројатно не сте ни знаеле за многу од нив. Не мора сè да биде само CTRL + C и CTRL + V.
CTRL + F: Пребарај текст
CTRL + Click / Shift + Click: Избор на повеќе елементи / содржина
CTRL + A: Избор на сите елементи / содржина
Ctrl + Shift + N: Креирајте нова папка на десктопот или во File Explorer
CTRL + Shift + V: Копирајте го целиот текст
CTRL + SHIFT + T: Вратете го затворениот таб на прелистувачот
CTRL + D: Обележете веб-страница
CTRL + Shift + B / O: Приказ на bookmark менито
F5 / CTRL + R: Освежување на веб-страната
CTRL + P: Печати
R / CTRL + R: Одговарање на e-mail
Shift + Arrow: Обележување текст
Shift + Delete: Бришење фајл трајно, прескокнувајќи ја Recycle Bin
Shift + Space: Изберете ред во Excel
Alt + Tab: Преоѓање од една во друга отворена апликација
Alt + Стрелка лево: Движете се напред или назад во веб-прелистувачот
Alt + F4: Го затворате активниот прозорец/апликација (ако не постои, се појавува shut-down прозор)
Alt + S / CTRL + Enter: Испрати e-mail
Windows key + I: Отворете Settings
Windows key + E: Отворете File Explorer
Windows key + A: Отворете Action center
Windows key + D: Прикажи и сокриј го desktop-от
Windows key + L: Заклучете го компјутерот
Windows key + V: Отворете ја „Таблата со копирана содржина“ (Clipboard bin)
Windows Key + M: Минимизирајте ги сите прозори
Windows key + точка (.) или точка-запирка (;): Отворете го панелот за емотикони
Windows key + PrtScn: Го сликате цел екран (Screenshot)
Windows key + Shift + S: Сликате дел од екранот
Windows key + Стрелка лево: Го поместувате целиот прозорец налево
Windows key + Стрелка десно: Го поместувате целиот прозорец надесно
F2: Променете го името на избраната датотека
ESC: Го затворате она што моментално го правите
Се разбира, ова не се сите кратенки на тастатурата што постојат и кои можете да ги користите на Windows, но меѓу нив сигурно има неколку за кои не сте знаеле и кои можат да ви бидат од помош доколку ги научите и почнете да ги применувате во секојдневниот живот или работа.
Поврзани артикли