Американската вселенска агенција НАСА ја модифицираше капсулата Crew Dragon Endurance на компанијата SpaceX, која моментално е прикачена на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Капсулата доби уште едно седиште кое е наменето за дополнителен астронаут на НАСА, едно повеќе од претходно планираното. Вселенската агенција ја модифицираше капсулата за да биде подготвена за потенцијален итен случај откако руското вселенско летало Soyuz MS-22 остана без средство за ладење во орбитата минатиот месец. Седиштето на астронаутот Френк Рубио беше префрлено од Soyuz на Endurance што претходно се користеше за лансирање на екипажите до ISS како дел од мисијата Crew-5.
Soyuz MS-22 служеше за испраќање на првиот астронаут на НАСА на ISS од почетокот на руската инвазија на Украина. Рубио патувал со руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин минатиот септември, меѓутоа, на 15 декември, Soyuz MS-22 останал без течноста за ладење откако бил погоден од микрометеороид или парче вселенски отпад. После тоа, дошло до истекување на течноста за ладење од леталото, што ја откажало вселенската прошетка планирана за средината на декември. Не долго потоа, НАСА објави и видео од протекувањето.
Проблемот со Soyuz значи дека не е соодветно да се вратат двајца руски космонаути и еден американски астронаут на Земјата, но може да се користи како последно средство во итна ситуација со ризик за патниците.
Русија планира да лансира беспилотен Soyuz на 20 февруари за да може екипажот MS-22 да се врати дома. Сепак, проблематичната капсула и понатаму може да му служи на екипажот во ситуација кога треба да ја напушти ISS.
Поврзани артикли