Француската регулаторна агенција за заштита на податоци (CNIL) го казни TikTok со 5 милиони евра поради политиката на колачиња што им се наметнуваат на корисниците без соодветно објаснување.
Апликацијата, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, беше предмет на CNIL надзор од 2020 до 2022 година. CNIL откри дека нејзиниот механизам за отфрлање колачиња е сложен на таков начин што практично ги убедува корисниците да ги прифатат сите колачиња.
Колачињата кои овозможуваат на веб-сајтот или апликацијата да ги следи податоците на корисниците често служат за корисна функција, но во погрешни раце теоретски може да ја нарушат приватноста бидејќи во суштина ги следат активностите на луѓето на Интернет.
CNIL заклучи дека политиката за колачиња на TikTok е против францускиот Закон за заштита на податоци затоа што „ја нарушува слободата на согласност на интернет корисниците“.
CNIL откри дека TikTok обезбедува лесен начин за прифаќање колачиња, но не и „еквивалентно решение“ што ќе му овозможи на корисникот на интернет да одбие колачиња на лесен начин. Наместо тоа, на корисниците им требаа неколку кликања за да ги отфрлат сите колачиња и само еден клик за да ги прифатат.