По бројните гласини во претходните месеци, Samsung сега официјално го претстави телефонот Galaxy A14 5G.
Samsung Galaxy A14 5G е во голема мера сличен на неговиот претходник – Galaxy A13 5G, но конечно пристигнува со надградба на екранот до FHD+ резолуција и подобрена предна камера од 13 MP.
Телефонот има голем 6,6-инчен IPS LCD екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 90 Hz. Останатите спецификации се исти како неговиот претходник и вклучуваат чипсет MediaTek Dimensity 700, 4GB RAM и 64GB простор за складирање, со слот за microSD за проширување.
Samsung Galaxy A14 5G, powered by MediaTek Dimensity 700 SoC, has been launched: See full specshttps://t.co/OF8dHqEPz0 pic.twitter.com/z8G9YCjNYz
— Gadgets 360 (@Gadgets360) January 5, 2023
На задната страна на уредот има главна камера од 50MP, заедно со макро камера од 2MP и сензор за длабочина. Сè се напојува со батерија од 5000 mAh со поддршка за полнење од 15 W.
Galaxy A14 5G пристигнува со софтвер Андроид 13, со интерфејс One UI 5. Достапен е во црна, светло зелена, темно црвена и сребрена боја.
За почеток, телефонот е достапен во САД, по цена од 200 долари. Ќе се појави и на некои пазари во Европа, но засега не се знае по која цена.