Три американски нуклеарни истражувачки лаборатории беа цел на руски хакери минатото лето, открија онлајн записите прегледани од експерти за сајбер безбедност.
Групата позната како Cold River, наводно, ги таргетирала националните лаборатории Brookhaven, Argonne и Lawrence Livermore
Според новинската агенција Ројтерс, онлајн записите покажуваат дека хакерите создале лажни страници за најавување и испраќале е-пошта до научниците за да ги измамат да ги откријат нивните лозинки.
Не е познато дали обидите за хакирање биле успешни. Обидите се случија кога претставниците на Обединетите нации влегоа во деловите на Украина кои се под руска контрола за да ја прегледаат најголемата европска нуклеарна централа.