OnePlus 11 официјално е претставен во Кина, а беше најавена и глобалната достапност на уредот од 7 февруари.
Станува збор за телефон со премиум карактеристики, со најнов чипсет, меморија и камери. Компанијата OnePlus нема да претстави модел со „Pro“ во името.
OnePlus 11 се напојува со чипсет Snapdragon 8 Gen 2, а компанијата најави дека чипот ќе биде целосно оперативен со својот максимален капацитет.
While we keep waiting for the February launch event, OnePlus fans in China are getting the company's latest phone early https://t.co/NiBfrl53ZL
— Android Police (@AndroidPolice) January 4, 2023
Гореспоменатиот чипсет доаѓа со 12 GB или 16 GB од најновата LPDDR5X RAM меморија, како и 256 GB или 512 GB простор за складирање UFS 4.0.
Телефонот користи 6,7-инчен LTPO 3.0 AMOLED дисплеј со резолуција од 1440p. Стапката на освежување на екранот е променлива и се движи од 1Hz до 120Hz.
На задната страна се наоѓа системот за камера Hasselblad, кој се состои од главен сензор од 50 MP Sony IMX890, ултра широк сензор Sony IMX581 од 48 MP и телефото камера од 32 MP Sony IMX709 2x. На предната страна има селфи камера од 16 MP, во отворот во горниот лев агол.
OnePlus 11#OnePlus #OnePlus11 #OnePlusBudsPro2 pic.twitter.com/Dl0rm6faFZ
— Mukul Sharma (@stufflistings) January 4, 2023
Сè се напојува со батерија од 5000 mAh, со поддршка за брзина на полнење од 100 W. Нема поддршка за безжично полнење. Оперативниот систем е Android 13, со Color OS 13.
OnePlus 11 пристигнува во црна и зелена боја, со цени од околу 545 евра за верзијата 12/256GB, околу 600 евра за моделот 16/256GB и околу 670 евра за варијантата 16/512GB.
Споменатите цени се конвертирани од кинески јуани, а на 7-ми февруари ќе ги дознаеме конкретните цени за светскиот пазар, за кои се верува дека се нешто повисоки од споменатите.
Поврзани артикли