Наскоро ќе можете да го вратите „Delete For Me“, што значи дека ако сте збркале, ќе можете да ги вратите избришаните пораки за кратко време.
Со нова функција, WhatsApp носи можност за откажување на функцијата „Delete For Me“ за да ги спаси корисниците од непријатностите од случајно бришење пораки за себе наместо за сите.
WhatsApp lets you undo ‘Delete for Me’ in case you hit that button too quickly https://t.co/Sw0JVNUuty by @jagmeets13
— TechCrunch (@TechCrunch) December 19, 2022
Функцијата „Случајно бришење“ – Accidental Delete обезбедува временски прозорец од пет секунди во кој корисниците можат да го поништат бришењето на своите пораки во индивидуален или групен разговор – и да ги избришат подоцна за сите.
Имено, понекогаш наместо „избриши за сите“, корисниците знаат да притиснат „избриши за мене“ за да избришат погрешно испратена порака. WhatsApp наведува дека новата опција ќе биде достапна за сите корисници на Android и iPhone. Првпат беше тестиран во бета верзија за Android и iOS во текот на август минатата година, пишува WABetaInfo.
Во 2017 година, WhatsApp ја воведе опцијата „Delete For All“ за да овозможи бришење пораки за сите учесници во разговорот.
Иако првичното воведување на опцијата беше ограничено на седум минути, WhatsApp на крајот го продолжи рокот до два дена и 12 часа во август минатата година, заклучи TechCrunch.