Apple е позната како компанија која има строги и ригорозни правила. Ова важи и за App Store, каде што сите апликации мора да поминат ригорозен тест за воопшто да се најдат во продавницата на Apple.
Така, на iPhone не е дозволено инсталирање апликации од алтернативни продавници наменети за него, како и инсталирање апликации од трети страни, но се чини дека тоа наскоро би можело да се промени.
Apple планира да им дозволи на корисниците да инсталираат алтернативни продавници за апликации на iOS, според неодамнешниот извештај на Bloomberg. Ова би била голема промена за гигантот од Купертино, кој досега им дозволуваше само на корисниците на iPhone и iPad да преземаат апликации од App Store.
Новите планови на Apple, наводно, се поттикнати од Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA). Законот значи дека не само што Apple ќе мора да дозволи продавници за апликации од трети страни, туку и „sideloading“, што значи дека корисниците можат да инсталираат софтвер преземен од Интернет. Претходно Apple изјави дека овој потег е „најдобар пријател на сајбер криминалците“.
Наводно, 6 март 2024 година е датумот кога сите во Европската унија ќе треба да го почитуваат овој закон.
Сепак, во извештајот се наведува дека Apple можеби сè уште размислува како да ги ублажи ефектите од новиот закон за бизнисот. Така, компанијата од Купертино наводно размислува за воведување одредени безбедносни барања, на некој начин проверка на апликации од трети страни, но и за потенцијална наплата.
Познатиот портал The Verge се обиде да стапи во контакт со Apple во врска со оваа тема, но се уште не добиле никаков одговор од Купертино.
Apple моментално работи на уште едно прилагодување на регулативите на Европската унија, а се работи за имплементирање на USB-C порта на iPhone.
Поврзани артикли