YouTube објави ажурирање во врска со токсичните коментари кои го нарушуваат начинот на кој заедницата комуницира.
Претходно, услугата користеше алатки како што се popup прозорци за да поттикне љубезна интеракција, но сега презема понаметлив пристап со предупредувања и паузи.
Ако YouTube открие и отстрани навредливи коментари, ќе го извести корисникот дека ги прекршил правилата на однесување. Доколку истата личност продолжи да објавува токсични коментари, ќе добие „timeout“ и нема да може да коментира 24 часа.
Корисникот може да одговори на оваа акција на YouTube, доколку смета дека коментарот е неоправдано повлечен и да поднесе протест, но YouTube не посочи дали тоа ќе помогне да се отстрани паузата за коментирање.
YouTube има еден од најтоксичните секции за коментари на веб и социјалните медиуми, а исто така е преполн со ботови кои нудат лажни наградни игри, криптовалути и многу повеќе.
За да се бори против овој проблем, услугата вели дека го подобрува својот систем за автоматско откривање и машинско учење за да идентификува и отстрани спам.
Компанијата вели дека 1,1 милијарди спам коментари се отстранети до првата половина на 2022 година и дека системите постојано се подобруваат бидејќи спамерите ја менуваат тактиката.