Додека љубителите на Forza Motorsport трпеливо чекаат нов наслов од франшизата што ќе излезе напролет, љубителите на Gran Turismo уживаат во новите автомобили на месечно ниво.
Бесплатното декемвриско ажурирање ја збогати виртуелната гаража на играта Gran Turismo 7 со пет нови автомобили.
Се издвојува Alfa Romeo Giulia GTAm, модел претставен во март 2020 година како екстремна верзија на италијанскиот спортски седан, кој има поголема моќност и само две седишта поради заштедата на тежина.
Дивелоперот Polyphony Digital, исто така, им овозможи на играчите да искусат возење со моделот Ferrari Vision Gran Turismo претставен на крајот на минатиот месец. Исто како и претходните VGT модели, и овој беше развиен исклучиво за Gran Turismo 7.
Користи неограничена верзија на 3.0-литарскиот V6 твин-турбо мотор кој развива повеќе од 1.000 КС. До март 2023 година, можно е да се погледне моделот во вистинска големина, кој е изложен во музејот во Маранело.
Во гаражата сега се сместени Bugatti Chiron и Chevrolet Corvette C8 Stingray, како и Toyota Celica GT-Four (ST205) од 1995 година. Тоа беше најмоќната верзија Celica благодарение на подобрениот мотор 3S-GTE.
Рели автомобилот што доаѓа со најновото ажурирање го освои Европскиот шампионат во рели во 1996 година.
Треба да се каже дека овој автомобил „живееше кратко“ бидејќи Toyota Team Europe доби едногодишна суспензија од ФИА поради незаконски ограничувач што дозволуваше воздух да влезе во турбината со заобиколување на заптивките околу ограничувачот.
Благодарение на ова, Celica ST205 доби дополнителни 50 КС.
Неправилноста беше откриена на релито Каталуња, а на возачите на Тојота им беа одземени бодовите што ги освоија во сезоната до тој момент.
Еден од нив е Јуха Канкунен, кој го предводеше пласманот кај возачите.
TTE беше суспендиран, но приватните тимови продолжија да го користат Celica ST205 во следните години.
Поврзани артикли