Патниците на авиокомпаниите во Европската унија наскоро ќе можат да ги користат своите мобилни телефони и за време на летот, под услов авиокомпаниите да обезбедат 5G мрежа.
Европската комисија одлучи дека авиокомпаниите можат да обезбедат 5G технологија во авионите, со побавни мобилни податоци.
Ова може да значи дека патниците во авионот повеќе нема да мора да ги ставаат своите телефони во Airplone mode – иако спецификите за тоа како ќе се имплементира се нејасни.
Крајниот рок за земјите-членки да ги направат достапни фреквенциските опсези 5G за авионите е 30 јуни 2023 година.
Ова ќе значи дека луѓето ќе можат да ги користат сите функции на телефонот при лет – овозможувајќи повици, како и апликации со големи податоци кои проследуваат музика и видео.
Тиери Бретон, комесар за внатрешен пазар на ЕУ, рече дека планот „ќе овозможи иновативни услуги за луѓето“ и ќе им помогне на европските компании да растат.
„Небото повеќе не е граница кога станува збор за можностите што ги нуди супербрзата поврзаност со голем капацитет“, рече Бретон, пренесе Би-би-си.