Современите видео игри поврзани со автомобил имаат ултра реалистична графика, но сепак е тешко да се повтори чувството на возење вистински автомобил додека гејмерот седи во својот дом.
Сепак, еден „petrolhead“ од Полска најде начин донекаде да го реши проблемот со изградба на симулатор користејќи ја внатрешноста на вистински автомобил.
Адријано, Полјак, поседува и вози Alfa Romeo 147, но е обожавател на моделот Brera. Затоа тој ја искористи внатрешноста на Brera за да изгради свој симулатор за игри во својот дом. Проектот започна со волан Logitech G29 и додаде различни делови на автомобилот за конечно да ја реализира својата визија.
Резултатот е одличен симулатор, кој изгледа навистина импресивно. Кокпитот е преземен од Alfa Romeo 159/Brera вклучувајќи голем дел од контролната табла со инструмент таблата, отворите за воздух и целата централна конзола.
Бројчаниците, звучниот систем и контролите се осветлени, а портокаловото осветлување на алуминиумските педали одговара на ова.
Адријано купи и седиште што го постави на фабричките шини, а од моделот Giulia на Alfa набави мултифункционален волан и направи одредени модификации за да одговара на новата улога.
Како што покажуваат клиповите, воланот, педалите и менувачот се целосно функционални. Целото поставување е компатибилно со компјутерот, но и со конзолата на PlayStation. Следната цел на Адријано е да го оспособи бројчаникот да ја следи игрицата, но оваа функција ќе биде можна само за игрите на компјутер.