Лионел Меси стана лик во видео игрите Call of Duty Modern Warfare II и Call of Duty: Warzone.

Меси е третиот играч кој е вклучен во играта, по вклучувањето на францускиот играч за врска Пол Погба и бразилскиот интернационалец Нејмар.

Официјалниот Твитер профил на Call of Duty објави трејлер за игра со три фудбалски ѕвезди и напиша: „Зголемете го вашиот список со врвен хет-трик. Здружете се со Нејмар Јуниор, Пол Погба и Меси во Call of Duty сезона 1 #Warzone2 и # ModernWarfare2. Тие можат да бидат ваши за 2400 COD-поени. Тоа се 20 долари во вистински пари.”

Сите тројца спортисти можат да ги здружат силите на бојното поле. Сепак, една работа во играта им пречеше на навивачите на Меси.

„Не му ставија тетоважи?“, твитна еден обожавател откако го гледаше трејлерот. Имено, иако Меси има голема тетоважа на десната рака во реалниот живот, таа не е видлива во играта.

И додека во Call of Duty Меси трча во воена униформа и пука во непријатели, во реалниот живот деновиве неуморно тренира и игра за Аргентина на Светското првенство во Катар.