Кога некој мисли на роботи во војската, тие обично имаат идеја за сцени како оние од филмовите во кои машините користат ласерско оружје во битките меѓу себе, но британските научници развиваат медицински робот кој може да ги спаси животите на повредените војници.
Истражувачите од Универзитетот Шефилд работат на систем за телеприсутност дизајниран да им помогне на војниците за време на борба. Планот е лекарите далеку од бојното поле да користат слушалки за виртуелна реалност и да контролираат робот на бојното поле. Роботот ги има истите способности како оние што се користат во роботската хирургија.
Во моментов, повредените борци често зависат од медицински техничари со ограничени ресурси, кои ја вршат својата работа под значителен личен ризик, и ако на нивниот пациент му е потребна дополнителна нега, транспортот до безбедна локација со соодветни ресурси може да потрае со часови или дури денови.
Планираниот систем на телеприсутност ќе им овозможи на медицинските техничари да работат од далечина и да користат робот за да ги собираат виталните елементи на пациентот, вклучувајќи ја температурата и крвниот притисок. Исто така, роботите би можеле да земаат брисеви, примероци од крв, да испраќаат фотографии и видеа од повреди на лекарите, се за да им овозможат да ја проценат состојбата на пациентот, па дури и да го лекуваат „од далечина“.
Професорката Сања Дограмаџи овој проект го гледа како начин да се спасат животи.
„Развојот на роботски систем со далечински управувач значително би ја зголемил безбедноста и би го намалил ризикот на кој воениот персонал е изложен на линијата на фронтот. Нашата платформа ја користи најновата технологија и таа би била интегрирана на начин каков што досега не е виден“, заклучи Дограмаџи.
Поврзани артикли