Steam и понатаму е гејмерската платформа која е доминантна на полето на лансери на игри, а тоа го докажува речиси секој месец.
Пред околу еден месец, Steam забележа рекорден број на корисници, кои истовремено беа онлајн во игрите преку оваа платформа.
Во тоа време, имаше повеќе од 30 милиони играчи (30.032.205) онлајн на Steam. Сега и овој рекорд е соборен.
За време на викендот, поточно сабота 26 ноември, на Steam во исто време имало 31.354.445 корисници.
Се верува дека есенската продажба на игри на популарната платформа придонесе за растот на бројот на корисници. Така во саботата имаше многу активни играчи на Steam, како и оние кои бараат нови игри.
Counter-Strike: Global Offensive е на првото место на најиграните наслови во овој период.
Потоа следат DOTA 2, PUBG, Call of Duty: Modern Warfare II/Warzone 2.0 и Apex Legends.