Honor го претстави својот најнов свитлив телефон во Кина – Honor Magic Vs.
Телефонот е потенок и полесен од неговиот претходник, а компанијата откри дека намалувањето на тежината е овозможено со целосно нов и софистициран дизајн на системот на шарките, кој му овозможува на телефонот да се затвора без видливи набори.
Magic Vs се напојува со чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, кој доаѓа во комбинација од 12/256GB и 12/512GB за меморија и складирање, а има и поприфатлива варијанта со 8GB RAM и 256GB простор за складирање.
Honor's improved Magic VS foldable will go on sale outside China in 2023 https://t.co/smMBW0VlHd pic.twitter.com/swAQgX0V13
— Engadget (@engadget) November 23, 2022
Внатрешниот екран на телефонот е со големина од 7,9 инчи, тој е од типот OLED и има резолуција од 2272 x 1984 пиксели, брзина на освежување од 90 Hz и осветленост до 800 nits. Надворешниот OLED екран од 6,45 инчи има резолуција од 2560 x 1080 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и поддршка за HDR10+.
Honor откри дека панелот што може да се свитка ќе биде практично без набори, бидејќи новата шарка е внимателно креирана во едноделно производствен процес. Наместо 92, сега има само четири елементи, додека издржливоста и отпорот се задржани. Шарка беше тестирана во лабораторијата Honor, каде што издржа над 400.000 свиоци, што претставува десет години употреба, со 100 свиоци дневно.
На големиот екран ќе може да се вршат различни дејства со помош на паметното пенкало Magic Pen, кое се поврзува со телефонот преку Bluetooth.
Кога станува збор за фотоапаратите, Honor Magic Vs користи главен сензор од 54 MP Sony IMX800 (F/1.9), ултра-широка камера од 50 MP што се удвојува како макро објектив и телефото од 8 MP со 3x оптички зум. На надворешниот екран има и селфи камера од 16 MP, со f/2,45 отвор на бленда.
Телефонот се напојува од батерија од 5000 mAh, со поддршка за брзо полнење од 66 W, за кое компанијата вели дека го полни уредот од 0 до 100% за 46 минути. Оперативниот систем е MagicOS 7.0, базиран на Android 12.
Honor Magic Vs доаѓа во три бои: портокалова, цијан и црна. Honor не зборуваше за неговата глобална достапност за време на презентацијата на телефонот, но претставник на компанијата подоцна потврди дека Honor Magic Vs се очекува на глобално ниво во текот на првиот квартал од 2023 година.
Поврзани артикли