Администрацијата на Бајден го забрани увозот и продажбата на нова телекомуникациска опрема од кинеските компании Huawei Technologies и ZTE, бидејќи тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за американската национална безбедност.
Федералната комисија за комуникации во петокот соопшти дека донела конечни одлуки со кои се забранува продажба и увоз на опрема од кинескиот производител на опрема за надзор Daha Technologies, производителот на опрема за видео надзор Hikvision Digital Technology и технолошката компанија Hytera Communications.
Овој потег е продолжување на репресијата на Вашингтон против кинеските технолошки гиганти поради стравувањата дека Пекинг може да ги искористи тие компании за да ги шпионира Американците.
„Овие нови одлуки се важен дел од нашите тековни активности за заштита на Американците од заканите за националната безбедност кои вклучуваат телекомуникации“, рече претседателката на Комисијата Џесика Розенворсел во изјавата.
Huawei одби да ја коментира одлуката, додека другите компании веднаш не одговорија на барањето на Ројтерс.
Инаку, таа комисија во јули 2021 година објави дека размислува да забрани одобрување за целата опрема од сите компании на списокот.
Ова доаѓа откако пет кинески компании беа означени како закани за националната безбедност во март 2021 година, според законот од 2019 година, чија цел е заштита на американските комуникациски мрежи. Сите четворица комесари во агенцијата, двајца републиканци и двајца демократи, ги поддржаа последните одлуки.