Серијата Pixel 7, како и минатата година, се соочува со голем број помали проблеми кои го расипуваат корисничкото искуство.
Минатата година серијата Google Pixel 6 беше „прославена“ со голем број на грешки. Корисниците на Pixel 6 редовно пријавуваа проблеми со кои се соочувале, но се чини дека тие не завршиле. Најновите проблеми кои ги засегаат телефоните Pixel ја вклучуваат овогодинешната серија Pixel 7. За што станува збор?
Деновиве, доста корисници на Pixel 6 и Pixel 7 се пожалија на Reddit за проблемите што ги имаат во последно време. Така, најголемиот број корисници пријавуваат дека имаат проблем со автоматската ротација, која едноставно не функционира на YouTube, а корисниците мораат самите да ја променат таа опција. Но, можно е и да е проблем предизвикан од апликацијата YouTube.
Сепак, тоа не е случај со другите проблеми што ги имаат овие телефони. Имено, корисниците истакнуваат дека имаат проблеми и со модемот на телефонот, кој во одредени услови не работи, па затоа е потребно рачно вклучување и исклучување на авионскиот режим. Покрај тоа, корисниците исто така известуваат дека имаат проблеми со функцијата Tap To Wake што не работи правилно или воопшто не работи на телефоните Pixel 7 и Pixel 7 Pro.
Меѓутоа, оние кои ги пријавија овие проблеми набрзо изјавија дека Google успеал да ги реши за многу кратко време, освен некои мали проблеми, кои се уште се присутни. Треба да се напомене дека можно е некои проблеми да се поврзани со Android или некои апликации, а не со самите телефони на Google Pixel. Така, на пример и некои корисници на серијата Samsung Galaxy S20 пријавија дека имаат проблеми со авторотацијата на YouTube.
Поврзани артикли