Google Maps соработува со партнери во САД и Велика Британија веќе три години, а сега ги проширува своите услуги во повеќе земји за да им помогне на возачите на електрични автомобили да најдат полначи. Оваа опција доаѓа со филтри за брзина на полнење, тип на полнач и лични преференци на корисникот.
Опцијата сега е достапна за уреди кои користат оперативни системи iOS и Android, а исто така обезбедува информации за тоа дали станиците за полнење се бесплатни во одредено време. Сепак, количината на достапни информации зависи од пазарот, односно од земјата каде што се користи услугата.
Новите филтри се дел од големата промена на „Гугл мапс“ пред празничната сезона. Платформата ќе нуди и Live View во одбрани градови што ќе им помогне на корисниците да се движат, односно да бараат деловни објекти. Во овој случај ќе се користи камерата на паметниот телефон, а потоа Google Maps ќе понуди инструкции за AR.
Бизнисите со пристап до инвалидска количка и оние без скали исто така ќе можат да се најдат со едноставно избирање на функцијата Accessibility во поставките на апликацијата.
Поврзани артикли