Иако функцијата постои од 2018 година, многу луѓе забораваат како да ги зачуваат своите омилени твитови за да можат подоцна да ги најдат.
Во октомври 2017 година беше најавена опција, која требаше да го носи името „save for later“, бидејќи се наоѓаше на врвот на листата со барања на корисниците.
Зачувувањето на твитови во тоа време можеше да се направи на неколку начини, а корисниците можеа да испратат твит преку директна порака, да го лајкнат или ретвитаат и да го зачуваат на тој начин. Меѓутоа, специјалното копче за опцијата „save for later“ не постоеше и дојде значително да го поедностави овој процес.
Зачувувањето на твитови е многу едноставно, а се што треба да направите е да отидете на опцијата за споделување под објава и да ја изберете функцијата „bookmark“ од листата.
Вака зачуваниот твит се чува во посебна папка, така што корисникот може лесно да го најде кога сака.