Неодамнешните гласини сугерираат дека iPhone SE 4 ќе има дизајн сличен на моделот iPhone XR и 6,1-инчен дисплеј. Сепак, аналитичарот Рос Јанг истакнува дека Apple се уште не одлучил какви ќе бидат спецификациите на овој дисплеј.
Според Рос Јанг, Apple размислува и за OLED и LCD панел за iPhone SE 4. Тоа значи дека телефонот би можел да има или голем OLED дисплеј од 6,1 инчи или LCD екран од 5,7 инчи. Компанијата веќе е во преговори со два различни добавувачи на дисплеи.
Доколку Apple се одлучи за голем OLED екран, тоа секако би го променило начинот на кој се перципира iPhone SE. Може да делува повеќе како премиум опција заедно со стандардните модели на iPhone 14 или 13. Сепак, ова може да доведе и до зголемување на цената, со што би завршила намената на моделот iPhone SE.
Покрај ова, се очекува iPhone SE 4 да има нов чипсет A16 Bionic. Сепак, бидејќи телефонот се најавува за 2024 година, овој чипсет дотогаш ќе биде малку застарен. Но, засега не е познато кога Apple планира да го објави новиот модел на iPhone SE.
Се очекуваат и одредени подобрувања на камерата, батеријата и некои други параметри на телефонот iPhone SE 4.