Иако WhatsApp добива се повеќе и повеќе нови функции, на некои полиња сè уште заостанува зад ривалите, како што се Telegram или Slack. Сега услугата тестира уште една карактеристика што веќе ја имаат ривалските платформи.
Според новиот извештај на WABetaInfo, WhatsApp тестира функција која ќе им овозможи на корисниците да си испраќаат пораки сами на себе на полесен начин. Некои корисници сакаат да го направат ова за да се потсетат или да зачуваат важни податоци.
Во моментов, можете да испраќате пораки до себе на WhatsApp користејќи wa.me (Click to Message link) или со создавање група каде што сте единствениот член. Сепак, ова не се најфлуидните начини за испраќање порака до себе.
Испраќањето пораки до себе е корисно ако сакате да префрлите некои датотеки помеѓу уредите или да зачувате важни пораки за подоцна да ги испратите.
Споменатата функција беше забележана во WhatsApp v2.22.24.2 бета верзијата на Android верзијата на апликацијата.
Покрај тоа, WABetaInfo истакнува дека некои одбрани корисници веќе имаат пристап до функцијата „Message yourself“. Овде WhatsApp додаде chat опција „Me (You)“ за да испратите порака до себе.