Твитер ќе добие неколку нови функции, вклучувајќи додавање формат на долг текст, алатки за монетизација на содржина и подобро пребарување.
Илон Маск, новиот сопственик, најави дека Твитер наскоро ќе добие функција која ќе им овозможи на корисниците да додаваат текстови во долга форма на своите твитови.
Маск не откри кога точно ќе пристигне функцијата, но истакна дека тоа ќе стави крај на „апсурдноста на скриншотовите на notepad-от“.
Тој додаде дека компанијата планира да создаде нови алатки за монетизација кои ќе им бидат понудени на креаторите на содржини, како и подобрувања на функцијата за пребарување на платформата.
Многу медиуми, сепак, забележуваат дека Twitter веќе некое време ја тестира функцијата за споделување долги текстови и дека Маск ја презема заслугата за работата што ја направија некои од вработените во компанијата пред новиот сопственик да ги отпушти.
Поврзани артикли