Вработен на Твитер сподели фотографија од својот шеф како спие на канцеларискиот под, само неколку дена откако Илон Маск го презеде Твитер.
На фотографијата е прикажана Естер Крафорд, директорка за управување со производи на Твитер, како носи маска за очи и спие во вреќа за спиење на подот во канцеларијата.
When your team is pushing round the clock to make deadlines sometimes you #SleepWhereYouWork https://t.co/UBGKYPilbD
— Esther Crawford ✨ (@esthercrawford) November 2, 2022
Крафорд одговори: „Кога вашиот тим работи многу напорно за да ги исполни роковите, понекогаш спиете каде што работите“.
Не е јасно каде е направена фотографијата. Според информациите од Твитер профилот на Џонс, е во Њујорк, додека Крафорд е во Лос Анџелес, а Твитер има канцеларии во сите четири временски зони во САД.
Крафорд во вторникот твитна дека е „многу горда“ на напорите на Твитер „брзо да ја оживее оваа нова визија“.
Откако Илон Маск ја презеде компанијата, персоналот на Твитер работи многу подолго од вообичаеното, а неговиот тим им доделува големи задачи во тесни рокови. Некои вработени во компанијата ги гледаат задачите како тест на тимот на Маск за да видат кој работи напорно и се загрижени дека нивните работни места би можеле да бидат загрозени поради најавите за отпуштања, пишува Insider.