Истражувањето на компанијата Pew Research Center покажува дека се поголем број Американци велат дека наоѓаат и читаат вести на мрежата ТикТок.
Интересно е што истражувачката компанија наведува дека споменатата статистика е спротивна на она што го бележат другите социјални мрежи, каде потрошувачката на вести или е намалена или приближно иста во последните години.
Истражувањето покажа дека бројот на возрасни Американци кои тврдат дека редовно консумираат вести на TikTok е зголемен за повеќе од три пати. Така, од три проценти во 2020 година, тој број се зголеми на 10 проценти во 2022 година.
TikTok е платформа и социјална мрежа за споделување видеа и е особено популарна меѓу тинејџерите и помладите корисници. Две третини од нив истакнале дека на некој начин ја користат услугата.
Околу четвртина од Американците помлади од 30 години (26%) велат дека редовно читаат вести на TikTok. Десет отсто од оние на возраст од 30 до 49 години го велат истото, четири отсто од нив се на возраст од 50 до 64 години и само еден отсто од оние на возраст од 65 и повеќе години.
За потребите на истражувањето за потрошувачката на вести на TikTok, Pew Research Center анкетираше 12.147 возрасни Американци, помеѓу 18 јули и 21 август, користејќи метод на случаен примерок.