Компанијата Google „тивко“ купи стартап што работеше на создавање аватари за корисниците на социјалните мрежи и брендовите кои користат технологија за вештачка интелигенција.
Како што пишува TechCrunch, Google одвоил 100 милиони долари за купување на Alter пред два месеци. Компанијата не го објави тоа, но сега го потврди купувањето. Целта на купувањето на Alter е да се направи поголема конкурентност на TikTok.
Alter го започна животот како Facemoji, нудејќи платформа што другите програмери може да ја користат за да додадат систем за создавање аватари на нивните апликации и игри. Ко-основачот на Alter, Џонатан Слимак, неодамна го смени своето работно место на LinkedIn за да „креира аватари во Google“. Како тимот и технологијата на Alter ќе му помогнат на Google подобро да се натпреварува со TikTok сè уште не е познато.
YouTube Shorts е „оружјето“ на Google за форматот на кратко видео и веќе доживеа успех. По лансирањето на глобално ниво во летото 2021 година, YouTube Shorts имаше 1,5 милијарди месечни активни корисници во јуни.