Компанијата Caviar е позната по своите луксузни верзии на паметниот телефон на Apple iPhone, а најновиот во серијата е навистина посебен.

Станува збор за уред наречен Rolex Daytona iPhone 14 Pro, кој очигледно е дизајниран за „покажување на маса“. На задната страна, под камерите, има функционален Rolex часовник, како и три други мали бројчаници, сите украсени со 18-каратно злато.

Куќиштето е направено од титаниум, а исто така е украсено со злато.

Основниот модел чини 133.670 долари и е инспириран од професионалниот возач и прв амбасадор од серијата Rolex Daytona, Малколм Кембел.

Изгледот на часовникот, вклучувајќи ги бројчаниците, му оддава почит на Кембел и неговиот автомобил Blue Bird во кој го собори брзинскиот рекорд во 1928 година.

Задниот дел на iPhone, вклучително и бројчаниците дизајнирани на тема автомобилизам, ја претставуваат контролната табла на споменатиот автомобил, односно копчињата што беа на него. Под нив и часовникот Rolex се наоѓаат мали прекинувачи кои имаат само естетска функција.

Caviar ќе произведе четири копии од секоја од своите осум верзии на iPhone 14 Pro и 14 Pro Max, при што основниот модел ќе чини 133.670 долари, а најскапиот 135.420 долари.