Откако функцијата „Maintenance mode“ најпрво беше достапна во Кореја од јули, а потоа и во Кина, Samsung сега ја прави глобално достапна.
Maintenance mode му овозможува на корисникот да го блокира пристапот до неговите лични податоци на телефонот, кога уредот се сервисира.
Samsung Releases Maintenance Mode, A New Feature To Hide Your Personal Information From Prying Eyes
Samsung Electronics today begins the global rollout1 of Maintenance Mode, a new privacy feature coming to select Samsung Galaxy devices, following a succ… https://t.co/5srkfT1aja pic.twitter.com/ra6lIcPm8R
— Payton Wilmott (@Technicational) October 25, 2022
Овозможувањето на Maintenance mode започнува со избрани модели на телефони од сериите Galaxy S21 и S22, кои го користат најновиот софтвер One UI 5. Функцијата ќе продолжи да се испорачува во текот на 2023 година и ќе се прошири на повеќе Galaxy уреди.
Оние кои имаат уред што може да ја користи оваа функција ќе ја најдат во Settings > Battery и device care делот. Откако ќе се вклучи Maintenance mode и ќе се рестартира уредот, сите лични информации на корисникот ќе бидат недостапни за лицето што го поправа телефонот. Нема да биде возможен ниту пристап до инсталираните апликации.
Податоците и сметките што се создаваат додека телефонот е во Maintenance mode, како и апликациите преземени од Galaxy Store, ќе се избришат кога ќе излезете од овој режим.
Поврзани артикли