На крајот на минатиот месец, Xiaomi во Кина го претстави Xiaomi Civi 2, кој поради еден детал неодоливо потсетува на iPhone 14 Pro. Се разбира, станува збор за отворот во форма на пилула, кој се наоѓа во близина на горниот дел од екранот. Се чини дека овој телефон многу брзо би можел да стигне на светскиот пазар, но под друго име.
На крајот на минатата година, Xiaomi претстави освежена верзија на телефонот Xiaomi Mi 11 Lite 5G во форма на телефонот Xiaomi 11 Lite 5G NE. Овие телефони се идентични по дизајн, но имаат различни чипови. Очигледно е дека оваа година очекуваме и NE модел од серијата Xiaomi 12, Xiaomi 12 Lite 5G NE.
Xiaomi 12 Lite 5G NE moniker spotted in IMEI database, could be rebranded CIVI 2#Xiaomi #Xiaomi12Lite5G #Xiaomi12Lite5GNE #XiaomiCIVI2 #Snapdragon7Gen1https://t.co/MKMf8qnLLv pic.twitter.com/OUW9ZfnugW
— GIZMOCHINA (@gizmochina) October 21, 2022
Според извештајот од Кина, претстојниот Xiaomi 12 Lite 5G NE е забележан во базата на податоци IMEI со број на моделот 2210129SG, каде што G е ознака за глобален пазар. Претставувањето на овој телефон на светскиот пазар се очекува наскоро.
Кога станува збор за спецификациите, се очекува овој телефон да биде ребрендиран Xiaomi Civi 2, кој беше лансиран во Кина минатиот месец. Предниот дел на овој телефон е инспириран од iPhone 14 Pro, со издолжен засек во близина на горниот дел од екранот.
Значи, првата и главна продажна точка на овој телефон е дизајнот на предниот дел, кој се базира на iPhone 14 Pro. Пилулата која се наоѓа на горниот дел од екранот на овој телефон крие две предни камери. Двете камери имаат сензори од 32 MP. Civi 2 е првиот паметен телефон од Xiaomi кој има преден LED блиц. Овие блицови всушност имаат четири LED диоди, а Xiaomi вели дека тие можат да обезбедат реални бои во различни средини.
Екранот на телефонот е 6,55 инчи, Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz. Екранот поддржува Dolby Vision, HDR10+ и DCI-P3 опсег на бои.