Третиот квартал од 2022 година е зад нас, а Canalys сега ни ги носи резултатите од испораката на паметни телефони во споменатиот период.
Комбинацијата на различни фактори доведе до тоа пазарот на паметни телефони да го забележи своето најлошо тромесечје од третиот квартал на 2014 година. Canalys известува дека пазарот на паметни телефони доживеа годишен пад од дури 9% во споредба со минатата година.
Падот на продажбата на телефони трае од првиот квартал на 2021 година, кога продажбата беше на својот врв. Главните причини се нестабилната економска состојба и неизвесноста, како и помалата потрошувачка моќ на клиентите.
Кога станува збор за самите резултати, јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung го задржа првото место. Во наведениот период оваа компанија имаше пазарен удел од 22 отсто. Тоа е дури и мало зголемување на уделот на пазарот во споредба со истиот период минатата година, иако самиот Samsung продаде помалку телефони.
Apple се најде на второто место. Американската компанија имаше пазарен удел од 18% во третиот квартал од 2022 година, што е зголемување од 3% во однос на истиот период минатата година.
Третото место и припаѓа на Xiaomi, кој имаше удел од 14 проценти. Зад Xiaomi се уште две кинески компании и тоа Oppo со пазарен удел од 10% и Vivo со девет проценти. Овие две кинески компании забележаа благ пад на пазарниот удел. Другите производители заедно имаат 27% удел од пазарот на телефони.
Од Canalys наведуваат дека има мали индикации дека во четвртиот квартал од 2022 година, како и во првиот квартал од 2023 година, ќе има нешто поголема побарувачка за паметни телефони, но дека нема да биде значително зголемување.
Поврзани артикли