Се проценува дека во моментов Parler го користат меѓу 700 илјади и еден милион луѓе во светот.
И додека кавгата околу Илон Маск и купувањето на Twitter сè уште трае, се чини дека уште едно познато име сака да купи социјална мрежа.
Имено, од Parler, социјална мрежа популарна меѓу политички десничарските корисници, објавија дека пејачот Канје Вест го започнал процесот за купување на таа социјална мрежа.
Во соопштението за печатот од Parlement Technologies се вели дека договорот ќе овозможи „неотповиклив екосистем каде што сите гласови се добредојдени“.
Во свет во кој конзервативните мислења се сметаат за контроверзни, мораме да го овозможиме правото слободно да се изразуваме, беше објавена изјавата на Вест во соопштението за медиумите.
Парлер, социјална мрежа која тврди дека ја поттикнува слободата на говорот и изразувањето, се појави во септември 2018 година и се здоби со популарност откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја започна својата „битка“ со другите социјални мрежи.
Се проценува дека Parler моментално го користат меѓу 700 илјади и еден милион луѓе ширум светот.
Од самиот почеток, Parler се најде на удар на критики бидејќи корисниците објавуваа десничарски содржини, подгреваа теории на заговор, а расистичките и антисемитските коментари не беа невообичаени.
Со оглед на тоа што Канје Вест неодамна беше блокиран на Твитер поради еден таков коментар, но се уште е активен на Parler, изгледа дека одлично ќе се вклопи.