Компаниите Meta и UFC ги здружуваат силите во заеднички проект чија цел ќе биде воведување на VR технологија која ќе им овозможи на гледачите да гледаат борби во виртуелна реалност.
UFC е познат по тоа што тврди дека е „најреален бренд“, но тепачките би можеле да станат уште „пореални“ за гледачите откако организацијата се здружи со извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг. Целта на нивната соработка е прикажување на UFC натпревари во виртуелна реалност.
Цукерберг е отворен за VR технологијата и, наводно, инвестира околу 1,2 милијарди долари во неговиот концепт Metaverse, платформа која можеби најдобро може да се опише како интеграција на стандардни видео повици и 3D технологија.
Додека Metaverse го бијат гласини за намалена корисничка база и неимпресивни кориснички искуства, тоа не го спречи Цукерберг, еден од најбогатите светски претприемачи, да се обиде да создаде нов сојуз со цел конечно да го натера светот да усвои VR технологија.
„Возбудени сме што нудиме ниво на ангажман за претплатниците на Fight Pass и обожавателите на ММА ширум светот со емитување на настан на ММА во виртуелна реалност. Мета ќе ја обезбеди платформата за VR, YBVR ќе ја обезбеди својата продукциска експертиза и уверени сме дека ова ќе биде одлично искуство за љубителите на борбените спортови“, рече Кроули Саливан, претседател и генерален менаџер на UFC Fight Pass.
Цукерберг неодамна гледаше настан на UFC во Лас Вегас, но познато е дека често гледа борби во друштво на сопругата Присила Чан. Исто така, неодамна објави видео од ММА тренинг.
Идните борби што ќе се емитуваат во VR ќе бидат објавени во наредните недели.