Објавена е листата на најбрзи телефони за претходниот месец, која редовно ја објавува AnTuTu и се состои од премиум модели.
Иако списокот претежно содржи модели напојувани со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, изненадувачки телефонот што користи чип Dimensity 9000+ е на врвот на листата.
Dimensity 9000+ is leading the list of AnTuTu's best-performing Android flagships in September,
Are you waiting for #Dimensity900Plus phone to launch in India? pic.twitter.com/ZOOkOzRQXs
— Anvin (@ZionsAnvin) October 2, 2022
Така, на AnTuTu листата на најдобри Android телефони за септември, на прво место е Asus ROG Phone 6D, кој користи чипсет MediaTek Dimensity 9000+. Телефонот освои 1.123.036 поени и користи комбинација од 16GB RAM и 512GB простор за складирање податоци.
Сите други телефони од Топ 10 листата се напојуваат со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. На второ место е OnePlus Ace Pro, додека трет е iQOO 10 Pro.
Black Shark 7S Pro и Lenovo Legion Y70 ја заокружуваат листата на првите пет модели во однос на брзината, според резултатите од тестот AnTuTu.
Топ 10 ги вклучува и iQOO 10, Moto X30 Pro, Xiaomi 12S Pro, Redmi K50 Ultra и Xiaomi MIX Fold 2.
Поврзани артикли